Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

Дуелот со Работнички е меч на сезоната и ќе дадеме се од себе за поволен резултат, вели тренерот Круљ

По пауза од две недели, викендов продолжуваат мечевите од Првата фудбалска лига на Македонија а нашиот тим утре на стадионот Кукуш во Турново го пречекуваат тимот на Работнички од Скопје. За нас ова е исклучително важен натпревар бидејки бодовите ни се потребни за да се позиционираме на средината од прволигашката табела. За тоа е свесен и стратегот Бојан Круљ кој вчера имаше тренинг со првиот тим во комплетен состав со оглед дека осум фудбалери недостасуваа заради повикот од националните репрезентации

,,Овие две недели ги искористивме колку што можевме бидејки имавме доста репрезентативци .  7 – 8 фудбалери не беа со нас, беа со националните репрезентации.  Се потрудивме тие грешки кои ги воочивме претходно, да ги отстраниме. Работнички е екипа која има ист број бодови како и ние. Овој натпревар за нас е натпревар на сезоната и доста важен  за нас и мислам и се надевам дека фудбалерите во недела ќе бидат во вистинската смисла на зборот.Во однос на притисокот јас мислам дека  сме иако сме млада екипа играчите се свесни за важноста на мечот, имаме неколку искусни фудбалери кои го имаат поминато тоа во кариерата. Но тоа е нешто добро, за да играчите тоа го поминат низ тоа, за да стасаат како играчи како личности,, вели тренерот Круљ

Тој заедно со Димитар Трајков упатија порака до лубителите на фудбалот да бидат на стадионто Кукуш во Турново со почеток во 15 часот и да дадат поддршка на тимот за да се дојде до нова победа и позитивен резултат

,,На претходните натпревари стадионот беше полн и на играчите им даде дополнителен мотив да бидат подобри. Сигурно ќе ни биде важно да дојдат да не подржат и да се потрудиме да дојдеме до нови три бода,, вели стратегот Бојан

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.