Ова екипа има сериозен карактер и потенцијал – од минус, до победа над Работнички од Скопје

Нашите момци денеска на стадионот Кукуш во Турново славеа победа против тимот на Работнички од Скопје со 2:1 и полека се позиционнираме на средината од прволигашката табела што е приоритет за нашиот клуб.  Дерби натпревар во кој и нашиот тим и гостите беа под притисок за позитивен резултат. Иако Работнички го отвори резултатот сепак преку Стамениќ и Олаосебикан , зелено црните се вратија и славеа нови три бода.

,,Ова беше навистина тежок натпревар.  Примивме гол од пенал и бевме под притисок, но она што го зборувам се покажа. Ова екипа има сериозен карактер сериозен потенцијал и со заедништво дојдоа до победата. Ова е нивна победа и им честитам на сите и оние што го почнаа и оние што влегоа како замени . Сега се насочуваме кон следниот натпревар,, кажа Круљ

,,Многу важна победа за нас по двaта пораза кои не ги заслуживме. Екипата денеска покажа срце, карактер и победнички менталитет. Се вративме од минус и ако вака продолжиме мислам дека нема да биде проблем за нас и може да са бидеме погоре на табелата,, кажа стрелецот на израмнувачкиот гол Урош Стамениќ

„Знаевме дека ова беше доста важен натпревар за нас и трите бода ни беа потребн. Многу сум среќен“, изјави Ибрахим Олаосебикан

Следното коло Брера Струмица му гостува на Тиквеш во Кавадарци.

This site is registered on wpml.org as a development site.