Две екипи од младинските погони, утре во Скопје играат за КУП титули

Наши две екипи од младинските погони се на прагот да се закитат со КУП титули со што оваа сезона би ја завршиле со вкупно четири титули во младинските категории. Утре во Скопје на теренот на ,,Борис Трајковски,, на програмата се двете финалиња од КУПОТ во категориите У16 и У17.

Први на мегдан ќе излезат фудбалерите од генерацијата 2008 (помлади пионери) предводени од тренерот Тони Атанасов кои веќе ја кренаа Шампионската титула. Последна пречка се врсниците од Пелиситер а мечот е закажан во 11 часот. Со оглед на учинокот во лигашкиот дел момчињата на Атанасов се сметаат за фаворити за да се закитат со двојната круна во својата категорија.

На истото игралиште во Скопје со почеток во 17 часот ќе играат фудбалерите од генерацијата 2007 или У 17 кои ги предовди Борче Постолов. И тие за противник го имаат Битолски Пелистер и најавуваат атак на КУП титулата за да ја потврдат доминацијата на Брера Струмица на македонската фудбалска сцена со младите.

 

СРЕЌНО МОМЦИ !

This site is registered on wpml.org as a development site.