ФК АП Брера Струмица заедно со Црвен крст на Северна Македонија – општинска организација Струмица како и Службата за трансфузиона медицина, во среда на 4 ти октомври организира доброволна крводарителска акција која ќе се реализира во просторите на СРЦ ,,Пандев“.
Сакаме како клуб да дадеме свој придонес во хуманоста и спасувањето човечки животи, бидејки без подадена рака, солидарнорст, заедништво нема успеси ниту во спортот. За време на акцијата со крводарителите ќе бидат пристуни и тренерите и дел од играчкиот состав за да споделиме позитивна енергија но и да дадеме свој придонес за подобра заедница.
Секој кој што ќе дарува крв за време на акцијата во СРЦ Пандев во Струмица ќе има можност одблиску да се запознае со атмосферата и клупските простории на ,,АП Брера Струмица“ но и ќе добие маица од клубот како и блок влезници за мечот со Гостивар.
Од таа причина ги повикуваме сите граѓани, навивачи, лубители на спортот да бидат присутни на акцијата и да ја покажеме нашата хуманост. Да даруваме крв, да направиме дело но и директно да се запознаеме играчите, тренерите и атмосферата во ФК АП Брера Струмица во СРЦ ,,Пандев“ Струмица
Апел за дарување крв доаѓа и од Општинската организација на Црвениот Крст во Струмица од каде упатија благодарност до ФК АП Брера Струмица за иницијативата како и за отстапување на простории од СРЦ Пандев каде ќе се реализира акцијата.
Среда 4 ти октомври во СРЦ Пандев Струмица – Да бидеме хумани да спасиме нечиј живот и да се радуваме на нови спортски успеси !