Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

ФК Брера отвори Фан Шоп – претседателот Горан Пандев посвети време на сите посетители !

Во присуство на голем број граѓани, лубители на фудбалот, наши симпатизери и навивачи го отворивме првиот Фан Шоп каде може секој посетител да набави брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера.

На отворањето, присуствуваше и претседателот на клубот Горан Пандев кој посвети време на сите присутни, фотографирајки се и делејки автограм. Подвлече дека оваа продавница е еден чекор плус со кој клубот се поврзува со заедницата и навивачите, впрочем како насекаде во целиот свет.

,,Луѓето од Управата се амбициозни, сакаат да направат едно поврзување со заедницата. Еве отвораме свој Фан Шоп и ова треба да биде поттик не само за нашиот туку и за останатите клубови во земјава бидејки во европскиот ова е секојдневие. Овде на сите љубители на фудбалот, навивачи на ФК Брера ќе им се овозможи да си купат  нешто од нашиот клуб и се надеваме и на добри резултати, бидејки без добри резултати ќе нема мотивација и кај навивачите“, рече Горан Пандев

Продавницата со брендирани артикли со логото на Брера се наоѓа на струмичкиот плоштад во строгиот центар на Струмица кај Стоковната. Претседателот Горан Пандев подвлече дека полека но сигурно како клуб, чекориме во вистинскиот правец. Фокус се дава на првиот тим кој треба да биде двигател со резултатите на задоволство на заедницата.

,,Чекориме по вистинскиот пат на организациски план. Сигурно дека како што кажав, резултатите на првиот тим се најважни. Со маскимално залагање со максимален пристап со професионален однос ќе ги достигнеме резултатите. Наша цел е освојување на Шампионска титула во идните сезони. Тоа не го криеме. Лугето што го водат клубот од Америка целат на европски успех, бидејки ако не играме во Европа, се е залудно . Тоа е целта- да играме во Еропа и максимално залагање на сите, за да котираме високо . Се трудиме освен во првиот тим, да вложуваме и во младинските погони кои се нашиот најголем бренд и од нив црпиме за првиот тим.Со професионален однос ќе го извлечеме максимумот и ке бидеме срекни што Струмица ќе игра во европските купови,, кажа Пандев

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.