ФК Брера со свој Фан шоп во центарот на Струмица – во петок ќе го отвори Горан Пандев !

Во петок во строгиот центар на Струмица нашиот клуб Брера,  отвора Фан шоп кој ќе се ноаѓа на градскиот плоштад веднаш до Стоковната.  Во нашата продавница која ќе биде отворена во 18 часот, може да се набават брендирани дресови, јакни, маици, шалови, приврзоци, шолји, пенкала како и многу други предмети со логото на Брера.

На настанот ќе биде присутен и претседателот на клубот Горан Пандев кој ќе се дружи со сите навивачи, симпатизери и граѓани кои ќе бидат присутни на свеченото отворање во периодот до 18 до 19 часот.  Освен со Пандев посетителите ќе имаат можност да се дружат и со играчите и стручниот штаб на ФК Брера Струмица кој дефинитивно отвора нови страници во македонскиот фудбал.

Упатуваме покана до сите љубители на фудбалот, симпатизери и навивачи на нашиот клуб како и до сите граѓани да се дружиме во петок на први март со почеток во 18 часот.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Bregalnica Highlights
05.05.2024
Brera AP 6 – 1 Skendija mladincii Cela utakmica 04 05 2024
04.05.2024
Brera AP 3 – 0 Skendija kadeti Cela utakmica 04 05 2024
04.05.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.