Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Беса 1976/15.09.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Искусниот напаѓач Антонио Каланоски ново засилување на првиот тим !

Искусниот напаѓач Антонио Каланоски e новото име во редовите на нашиот прв тим. 30 годишниот фудбалер со потекло од Охрид , потпиша договор за нашиот клуб за следната натпреварувачка сезона откако во последната настапуваше за кратовски Силекс.
Станува збор за фудбалер кој игра во нападот и зад себе има огромно искуство во повеќе македонски клубови во кои ги има покажано голгетерските спобоности.
Каланоски во Силекс последната сезона одигра 31 натпревар и постигна девет погодоци. Освен за Силекс Антонио има играно и за Гостивар, Шкупи, Беласица, Борец, Победа.
,,Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб,, кажа Каланоски.
This site is registered on wpml.org as a development site.