Јанкулов и Ѓоргиевски остануваат во „Брера Струмица“ до Јуни 2026

21 годишниот Ѓеоргије Јанкулов кој игра на десната бековска позиција како и 18 годишниот Мартин Ѓоргиевски остануваат во нашиот тим до јуни 2026 година. Двајцата првотимци ги продолжија договорите за уште три сезони заклучно со 14 јуни 2026 години. Станува збор за двајца млади фудбалери кои одлично се вклопија во нашиот клуб и прва екипа.
Јанкулов во струмичкиот прволигаш дојде во втората половина на последната натпреварувачка сезона и одигра вкупно 13 меча при што имаше 5 асистенции за гол.
18 годишниот Мартин Ѓеоргиевски е член на младинската школа на нашиот клуб кој дојде од Охрид и во последната натпреварувачка сезона има одиграно вкупно 19 натпревари при што двапати се запиша како стрелец на дуелите против Шкендија и Победа. Паралелно тој е дел и од македонските младински репрезентации.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs AS Junajted cela utakmica 20 10 2024
20.10.2024
Brera vs Voska Sport Higlights
20.10.2024
Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.