Круљ: Покажавме сериозен квалитет на контролките во Анталија и добро е што постигнувавме голови

Нашите првотимци ја започнаа и третата фаза од подготвителниот период за пролетниот дел од првенството. По враќањето од Анталија Турција тие имаа неколку дена одмор а од денес ги започнаа тренинзите со кои треба да се избруса формата за вториот дел од шампионтот. Стратегот Бојан Круљ изрази задоволство од сработеното во Анаталија каде се одиграа и четири контролни меча.

,, Мислам дека на поголемиот дел од натпреварите покажавме сериозен квалитет. Имавме мал проблем со играчите во однос на тамошната локална храна во поглед на труење и не можевме на секој натпревар да бидеме комплетни . Она што е добро, играчите кои настапија останаа неповредени. Доста добро физички им париравме на екипите кои беа доминантни на тоа поле а тоа беа екипи од Казахстан, Полска и Украина. Резултатски не сум задоволен. Мислам дека можевме многу повеќе, на некои натпревари ефтино примавме голови но она што ме радува што на секој натпревар постигнавме по еден или два гола и сметам дека тоа е добро,, вели Круљ според кого во наредните две недели ќе се работи на поправка на грешките и недостатоците кои се воочени и унапредување на добрите работи.

Во Анталија нашите момци ги одмерија силите со Верес каде Миловановик и Ристевски  постигнаа голови, со екипата на Черноморец каде Олаосебикан беше стрелец, против полскиот Рух каде младиот Костов беше егзукатор и против казахстанскиот Атараѕ каде Цветановски постигна гол.

Сигурно дека се наѕираат контурите на првиот тим . Има тука некои двоумења. Се зависи од противникот со кој ќе играме. Групата полека се формира и блиску сме да ги избереме стартните 11 кои ќе излезат на првиот натпревар. Знаете, доста работевме на  на реализацијата во овој подготивтелен период. Ќе повторам што на натпреварите против секоја екипа постигнавме голови. Не можевме да сметаме на Ивковиќ не сакав да ризикуваме оти почуствува некои благи болки. Важно ни е првенството, важно ни е здравјето на фудбалерите. Се надевам дека ќе има голови, екипата добро работи и сум убеден дека ке биде се како што треба,, рече Круљ.

Задоволство од сработеното во Анталија изразија и младиот Давид Ристевски но и Матеј Цветановски според кои формата е значително подигната за да се оставари зацртаната цел за пролетниот дел од првенството.

This site is registered on wpml.org as a development site.