Максимален учинок на нашиот тим – продолжуваме со исто темпо

Нашата екипа по трите одиграни првенствени меча од Првата лига има стопроцентен учинок и е лидер на табелата во прволигашкото друштво. Дисциплинираноста на тренинзите, борбената и пожртвувана игра на терените досега резултираше со три натпревари и три победи кои само ја зајакнуваат самодовербата од продолжетокот на првенството. Славевме против Вардар, Воска Спорт и Струга ТЛ при што постигнавме пет гола а примивме само еден.

Тоа не охрабрува да го продолжиме нашиот стил на игра и да продолжиме по зацртаната патека. До паузата заради настапот на репрезентацијата ни престојат мечевите со Тиквеш од Кавадарци утре на СРЦ Пандев, по што гостуваме кај штипска Брегалница на 27 август и мечот со Работнички на втори септември дома. Како тим и во овие мечеви ќе дадеме максимум на задоволство на Струмица и лубителите на фудбалот од земјава

This site is registered on wpml.org as a development site.