Минимален пораз на гостувањето кај Вардар во Скопје

По пласманот во четвртфиналето од фудбалскиот КУП на Македонија, нашиот прв тим не успеа да забележа и првенствена победа. На гостувањето кај Вардар претрпевме минимален пораз од 1:0.  Грешката што ја направивме уште во раната фаза од мечот или поконкретно во 7 минута, домакините ја искористија и постигнаа гол кој се покажа и како победоносен.

И на овој натпревар креиравме многу шанси .  Мартин Ѓоргиевски, Леонардо Антонио, Салвадоре Рибаудо ги имаа најзигледните, но не успеа да ги валоризираат со гол за евентуално реми против Вардар.

Ова е петти пораз на нашиот состав во Првата лига со која останавме на освоени вкупно 15 бода и ја делиме петата позиција со Тиквеш од Кавадарци. И следното коло гостуваме и тоа на Воска Спорт.

This site is registered on wpml.org as a development site.