Против Вардар нема да биде лесно имаат верни навивачи – но нема да се предадеме, кажаа Валенти и Руфати

Нашиот сениорски состав утре против Вардар го игра мечот од 12 тото првенствено коло. Иако славевме против црвено црните во првото коло од лигата, од стручниот штаб велат дека утре нема да биде лесно. Како што подвлече Валенти, Вардар ќе има голема поддршка од навивачите но има и поединци кои имаат големо искуство

,,Знам дека ќе биде уште еден тежок натпревар за нас, бидејќи тие имаат многу играчи со големо искуство. Исто така знаеме дека имаат многу поддржувачи кои ќе ги бодрат и затоа за нас ќе биде уште  поголем предизвик.   Мислам дека нашите играчи се подготвени, ние сме веќе два  натпревари сме во игра. Играчите се спремни, не се уморни, се подготвуваме за овој натрпевар со ентузијазам. Јас мислам дека ќе одиграме добар натпревар. Се надеваме на победа, но ќе знаеме утре после натпреварот. За сигурно, овој натпревар нема да биде лесен имам гледано многу натпревари на Вардар против други тимови, тие играат добро се борат до крај и имаат многу шанси за до освојуват бодови. Дури и да не постигнат бод, тие се квалитетна екипа а ние ќе играме добро и пак ќе кажам натрпеварот нема да биде лесен,, подвлече Валенти

Во утрешниот натпревар нема да настапат Врдољак и Ристевски заради жолти картони. Но стручниот штаб на брера веќе го концепира составот кој ќе се спротистави на Вардар чија публика и навивачи ќе бидат и предизвик за нашиот состав.

,,Знаете, мислам дека тоа е фантастично. Сакам кога можам да осетам притисок од поддршката дури и кога не е на наша страна, кога  е за другата екипа. Бидејќи фудбалот е тоа. Се се врти околу притисокот, да се изменаџира ситуацијата. Мислам дека ќе имаме повеќе енергија благодарение на нивната публика која ќе ги поддржува. Бидејќи ќе чувствуваме поголем предизвик а кога имате поголем предизвик енергијата е поголема,, кажа Валенти

Агрон Руфати најави дека утре против Вардар фудбалерите ќе дадет максимум за да се вратат на победничките патеки.

,,Знаеме дека нема да биде лесно. На сите екипи што играат против Вардар не им е лесно играат. Овој клуб е историски клуб и имаат одлична публика. Мислам дека нема да има притисок туку напротив тоа ке биде наше задоволство да играме пред публика кога ќе се слушне гласот на навивачите, исто како против Шкендија кога добивме мотивација иако постојано бевме негирани. Против Вардар утре ќе дадееме 300 по сто , мора да се вратиме на победничката патека и ќе дадеме се од себе да победиме. Со господ напред се надевам на победа.Наше да дадеме се од себе и да се надеваме на голови кои ќе влезат во противничката мрежа.Но дали ќе влезат ќе видиме.“, кажа Руфати

This site is registered on wpml.org as a development site.