Минимален пораз од Шкупи на гостувањето во Скопје

Сениорскиот тим претрпе пораз на гостувањето кај Шкупи со 1:0 во рамките на 7 коло од Првата фудбалска лига на Македонија.  Нашите фудбалери имаа контрола на резултатот во првото полувреме кое заврши без голови но во 69 минута домакините го скршија нашиот бедем преку Абази отако не реализиравме шанса преку Димитар Трајков чиј удар заврши во стативата.

Ова е втор пораз за нашиот тим ова сезона кој сепак не не одалечи од водечките позиции. Заедно со тетовска Шкендија сме први со ист број бодови. Следното коло на домашен терен го пречекуваме Силекс и тоа во недела во 15 часот а претходно во среда му гостуваме на второлигашот Кожув во рамките на осминафиналето од КУПОТ.

This site is registered on wpml.org as a development site.