Најдобрата вода „Евина“ го продолжи Договорот за соработка со ФК „Брера Струмица“

Претседателот на нашиот клуб ФК „АП Брера Струмица“ Горан Пандев  и извршниот директор на компанијата „Центро Фута“ од Виница производител на водата „Евина“ –  Кристијан Ѓеоргиев   се договорија за продолжување на соработката на овие два бренда . Тие денеска во клупските простории  го потпишаа Договорот за соработка за уште две годин,и со надеж дека од оваа соработка ќе даде одлични резултати за двете страни.

„ФК Брера Струмица постигнува одлични резултати и одлучивме да го продолжиме Договорот. Како компанија сакаме да инвестрираме во здрава младина преку спортот а такви услови нуди  токму ФК „Академија Пандев Брера Струмица“ чиј фокус не е само првиот тим туку и младите. Се надевам дека фудбалерите на овој прволигаш ќе не промовираат со своите настапи, не само во земјава туку и надвор од неа, бидејки веруваме во овој проект кој ќе придонесе развој не само на струмичкиот туку и на македонскиот фудбал“, кажа извршниот директор на компанијата со водата „Евина“ – Кристијан Ѓеоргиев

Нашиот клуб кој по шест првенствени кола е на врвот од Првата фудбалска лига на Македонија останува отворен за соработка со бизнис заедницата. Уверени сме дека само со градење цврсти пријателства и соработки се постигнуваат одлични резултати на секое поле во заедницата.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera 4 – 0 ZFK Recica 19. 11. 2025
19.11.2025
FK Brera AP – FK Rabotnicki Pomladi pioneri KUP natprevar 16. 11. 2025
16.11.2025
FK Brera 3 – 1 Teteks Tetovo 08. 11. 2025 pomladi kadeti
10.11.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.