Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

Нашите деца и годинава дел од проектот „Животни Шампиони“ – Брера Струмица вложува во својот потенцијал

ФК  ,,Брера Струмица“ и понатаму ќе биде дел од проектот ,,Животни Шампиони“  каде дечињата освен на фудбалски план ќе се едуцираат и како да градат мостови на пријателство и почитување на различностите со другарчиња од целиот Балкан . Станува збор за проект кој го имплементира Центарот за развој за младите од Србија за кој поддршка даде и  Горан Пандев и Дејан Станковиќ . Во проектот се вклучени повќе клубови од Балканот а истиот има за цел да ги насочи млaдите на здрави животни навики, нивно градење како вистински личности кои во средината ќе бидат почитувани и успешни .

Од таа причина денеска гостите од Србија, Вељко Арамовиќ соработник во Центарот за развој  на млади, Борис Јаковлевиќ, член на конзорциумот на проектот ,,Животни Шампиони“, заедно со  Лупче Пенев тренер во ФК Брера  Струмица ги преставија резултатитте и очекувањата на овој проект кој силно одекна во УЕФА но и во ЕУ бидејки младите фудбалери  преку градење врски на пријателство и почит ги рушат граничните и јазичните бариери

Инаку во рамките на овој проект ќе има и камп на кој и ова година ќе земат учество  млади фудбалери на Брера Струмица каде освен фудбалски тренинг ќе имаат и игри за забава, другарување, учење преку игра но и почитување на различностите, оти фудбалот спојува, фудбалот гради нови пријателства и креира нови успешни приказни но и животни шампиони.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.