Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

Утре гостуваме во Кавадарци, стратегот Круљ смета дека Тиквеш е незгоден тим и доста мотивиран

Нашиот тим утре му гостува на незгодниот Тиквеш во Кавадарци во рамките на 26 коло од Првата фудбалска лига на Македонија. И овој дуел ќе биде доста значаен како што беше и со Работнички бидејки и на кавадаречкиот состав му се потребни бодови. Предноста нашиот тим ја гледа во фактот што во меѓувреме Тиквеш играше и КУП натпревар па добар дел од играчите  се изморени. Но стратегот Бојан Круљ смета дека не треба тоа да не залажува бидејки Тиквеш навистина е силен тим и на свој терен знае да биде доста незгоден.

,,По победата  над Работнички во последното коло во тимот има позитивнa атмосфера. Тиквеш  оваа недела играше и КУП натпревар со Шкупи . Не треба да се залажуваме дека кај кавадаречкиот состав има умор. Убеден сум дека утре ќе бидат мотивириани. Но и нашите играчи мислам се мотивирани за добар натпревари. Очекувам добар натпревар и се надевам на поволен резултат“, вели Бојан Круљ

Во претходните два меча нашиот тим против Тиквеш има скор од една победа и еден пораз. Во четврото коло на свој терен славевме со 2:0 а во рамктие на 15 коло претрпевме пораз од 1:0.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.