Нашите фудбалери генерација 2008 без пораз стасаа до Шампионска титула

Нашите фудбалери генерација 2008 или категоријата помлади пионери, на три кола пред крајот на првенството во ова конкуренција ја освоија Шампионската титула. До титулата стасаа откако денеска на свој терен славеа победа над помладите пионери на  Вардар од Скопје. Тие денеска во рамките на 19 тото првенствено коло го надиграа второпласираниот тим и конкурентот Вардар славеа со 1:0 над со што ја потврдија својата доминација во ова натпреварување.

Станува збор за генерација која ја води тренерот Тони Атанасов. Тие во сите 19 првенствени меча во својата конкуренција немаат пораз и се најефикасен тим во лигата.  Нашите фудбалери беа доминантни цела сезона за што говорат и статистичките показатели во лигата. Станува збор за млад надежен тим кој предвремено се закити со Шампионската титула а веќе на 15 ти мај ќе игра и за КУП титула. Противник ќе биде составот на Пелистер од Битола.

,,Ова екипа има многу потенцијал и верувам дека ќе ја освоиме и Куп титулата. Децата заслужуваат да ја имат двојната круна бидејки цела сезона беа посветени на тимската игра која беше на доста високо ниво. Титулата е по нивна заслуга,, вели тренерот на младите момци Тони Атанасов

Иако има уште три првенствени кола, досега помладите пионери на Брера Струмица имаат 17 победи и два нерешени исхода. Имаат постигнато 69 а примено само 5 гола. Во листата на стрелци најефикасен во тимот на Брера досега  е Матеј Сејменов кој има 11 гола, 9 има Иван Танчев, 8 гола има постигнато Ристе Милев, 7 Влако Манчовски. По 6 гола имат постигнато Лука Варошаноски и Филип Кулески а по четири погодици имаат Мартин Ѓоргиев, Габриел Талески, Филип Тренов, Бојан Велков има постигнато 3 а Иван Василев и Албан Рочи по 2 гола. Во листата на стрелци по еден гол имаат и Андреј Димовски, Виктор Манчовски и Марио Марковски. Малиот број на голови досега е резултат на одличната одбрана  како и голманите Александар Трајков и Методи Давчев.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Bregalnica Highlights
05.05.2024
Brera AP 6 – 1 Skendija mladincii Cela utakmica 04 05 2024
04.05.2024
Brera AP 3 – 0 Skendija kadeti Cela utakmica 04 05 2024
04.05.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.