Освоен бод на гостувањето кај Воска Спорт во Охрид по ремито од 1:1

Нашиот сениорски состав успеа да извлече реми на гостувањето кај дебитантот во Првата фудбалска лига на Македонија Воска Спорт кој во денешниот меч се покажа како доста незгоден противник. Понесени од желбата за позитивен резултат уште од стартот на натпреварот тргнавме офанзивно со цврста и тактичка игра. Создадовме и шанси кои не ги реализиравме па по првите 45 минути заминавме мирољубиво кон соблекувалните.

Во второто полувреме не се откажавме од намерата за прекин на лошата серија но бевме казнети во 61 минута кога Ален Јашароски успеа да искористи  „отпадок“ и од десетина метри да го совлада нашиот Алчевски. Тоа како да ги мотивираше нашите избраници кои за 4 минути постигнаа гол. Иван Галевски се снајде најдобро во 65 минута за 1:1 откако почна нашиот притисток

Во 77 минута останавме со играч помалку на теренот откако Леонардо Антонио доби црвен картон па до крајот на мечот бевме фокусирани во одбраната.

Ова е четврто реми за нашиот тим кој сега има вкупно 16 бода и на прволгиашката табела сме на петата позиција со идентичен број бодови со Тиквеш и Работнички.

This site is registered on wpml.org as a development site.