Утре играме против Воска Спорт – тимот е подготвен за победа за да ја врати самодовербата !

Нашиот сениорски состав утре против Воска Спорт во гости ги продолжува натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. Во денешните изјави на стратегот Џовани Валенти, искусниот Александар Ристевски и младиот Ване Крстевски се надеваат на прекин на лошата серија резултати со која би се вратила самодовербата кај играчите.

На прашањето дали може да се повтори играта и резултатот од Струмица Валенти изрази оптимизам

„Се надевам, всушност тоа ми е цел. Играчите од вторник се подготвуваат за натпреварот на многу добар начин. Тренинзите ни беа фантастични бидејќи беа фокусирани на нашата желба да победиме на натпреварот и тие тренираа напорно. И ние знаеме, она што треба да го направиме е да имаме добар перформанс против Воска. Сега, единствената работа е треба да го направиме она што сакаме да го направиме.  Играчите се подготвени, тимот е подготвен. Утре може да биде убава можност да се игра добро и да се постигне победа“, рече Валенти

Според него последните три натпревари биле исрпувачки за тимот не само на физички туку и на психолошки план.

,,Моето мислење е дека треба да размислуваме за последните 3 натпревари со Шкендија, Гостивар дома и Вардар. Мислам дека игравме доста добро во првите 2 натпревари, постигнавме гол против Шкендија, постигнавме гол и против Гостивар но имаше и една неверојатна грешка од судиите. Но сепак, имаше гол против Гостивар, исто така постигнавме и 5 од 5 пенали. Тоа значи дека играчите беа фокусирани и имаа самодоверба кои ги шутираа пеналите.  Третиот натпревар беше многу тежок за нас поради тоа што претходните 2 беа исцрпувачки, не толку физичко исцрпување како што беше психички и емотивно исцрпување. Да играш со Шкендија на гости со толку многу навивачи, да го играш Купот и да одите на пенали. Се трошат многу емотивна и психичка енергија и мислам дека тоа беше единствената причина што третиот натпревар не беше добар.  И ако играме исто толку добро како со Шкендија и Гостивар утре ќе имаме шанси да уживаме многу“, рече Валенти

Дефанзивецот Александар Ристевски смета дека екипата е подготвена но фали само реализација.  Како што вели некогаш е потребен индивидуален ангажман некогаш среќа. Но тој како и Ване Крстевски се надеваат дека против Воска ќес е вратат со победа за да ја вратат самодовербата во тимот.

This site is registered on wpml.org as a development site.