По одличниот трансфер на Трајков, нашиот досегашен капитен Марко Алчевски со треансфер во израелски „Хапоел“

По трансферот на Димитар Трајков во украинскиот клуб „Полисја“, за рекордна откупна сума, следи и трансферот на нашиот прв голман и капитен на екипата, Марко Алчевски, кој заминува во израелскиот клуб „Хапоел“ од Ерусалим.

Алчевски денес успешно ги помина сите лекарски прегледи во Израел, по што потпиша договор на две години, со можност за продолжување на договорот на уште две години.

Алчевски зад себе имаше одлична сезона во која беше еден од столбовите на својот тим и успеа да ја сочува својата мрежа и да не прими гол на дури 10 натпревари. По големиот интерес кој го изразија неколку клубови од Европа, одлуката беше донесена да ја продолжи кариерата во клубот од Израел со голема историја.

Претседателот на „Брера“ од Струмица, Горан Пандев, му посака среќа на Алчевски и рече дека можеби нè очекува уште некој интересен излезен трансфер од „Брера“.

„Му посакувам многу среќа на Марко во кариерата. Се работи за голем професионалец, прекрасно момче и пред сè врвен голман. Македонскиот фудбал и репрезентацијата не треба да се грижат за местото меѓу стативите во иднина. Веќе направивме два големи трансфери, Димитар Трајков и Марко Алчевски ги продолжуваат своите кариери во големи клубови, а сето ова се резултати на одличната селекција во Академијата Пандев и плод на повеќегодишна работа со младите играчи. Имаме одлични таленти кои се подготвени да ги пласираме на фудбалскиот пазар и овој преоден рок може да очекуваме уште некој излезен трансфер, но не по секоја цена, бидејќи свесни сме за квалитетите на нашите играчи и понудата треба да биде задоволителна. „Брера“ има одлични фудбалери и нашите играчи се ценети во Европа, тоа уште еднаш се потврдува.

This site is registered on wpml.org as a development site.