Нашиот тим денеска на стадионот во Гевгелија славеше против второлигашот Кожуф со 2:0 и се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија. Одигравме доста добро и отпорот на домаќините го скршивме во второто полувреме кога Илија Донов и Александар Ристевски за период од четири минути двапати ја тресеа мрежата на Кожуф.
На мечот беше дадена шанса и на голем број млади фудбалери кои полека се наметнуваат за првиот тим.
Наредниот период ќе го дознаеме противникот во осминафиналето од Купот