Пораз од полски Рух – одличен гол на младиот Марио Костов !

Нашите фудбалери го одработија и третиот контролен натпревар на подготвките во Анталија во Турција каде силите ги одмеривме со полскиот состав Рух во кој претрпевме пораз од 2:1. Одигравме рамноправен натпревар во кој стратегот Бојан Круљ повторно даде акцент на воигрување на екипата со одредени тактички акции. Се даде можност на целиот играчки состав со што полека се дефинира првиот состав за пролетниот дел од првенството.

Мечот со Рух го почнавме според договореното, со целосна контрола на средината на теренот. Гостите, гол постигнаа во 35 минута по невниманието меѓу Руфати и голманот Алчевски. Полскиот состав зголеми на 2:0 во второто полувреме или поконкретно во 57 минута а нашите момци намалија веднаш во следната акција. Добар продор на Зоран Андонов по левата страна и ја нафрли во казнетиот простор на Рух каде младиот Марио Костов со глава ја затресе мрежата на Полјаците. Ова не негов прв гол за првиот тим на 18 годишниот Костов кој во Анталија доби шанса и во претходните два меча.

Според програмата, нашите фудбалери задутре треба да го одработат и последниот контролен меч со Атирај од Казахстан, по што стручниот штаб ќе има јасна слика околу подготвеноста и на кои играчи ќе се типува за првиот состав.

This site is registered on wpml.org as a development site.