Пораз во Тетово од Шкендија – имавме водство, но не го издржавме притисокот

Нашиот тим не успеа да го изненади тимот на Шкендија во Тетово. Во финишот од средбата потклекна на притисокот на домаќините иако имавме водство од 2:0. Последните минути беа кобни кога падна концентрацијата и Шкендија успеа да направи целосен резултатски пресврт во последните 15 тина минути

Ивковиќ  во 15 тата минута донесе водство откако доби одлична топка од  Олаосебикан. Шкендија почна да напаѓа но нашите момци го издржаа притисокот до крајот на првото полувреме. Идентична беше сликата и во вторите 45 минути. Но повтроно на сцена настапи Олаосебикан кој од идентична позиција центрираше а сега Матеј Цветановски стрелаше за 2:0. Можевме да зголемиме на 3:0 но ударот на Мато заврши надвор од голот.

Притисокот на Шкендија даде резултат во 78 минута кога Адеми намали на 2:1 а Цаке израмни на 2:2. Во судиското надополнување Чинари го постави конечниот резултат од 3:2.

Следното коло нашите момци играат со Брегалница од Штип во сабота.

This site is registered on wpml.org as a development site.