Првомајски против Шкендија во Тетово за која имаме респект но одиме по нов добар резултат

Во вонредното 30 то коло од Првата фудбалска лига на Македонија, нашиот сениорски состав утре и гостува на тетовска Шкендија која во финишот од првенството ги подгреа страстите за освојување на шампионската титула. Ова ќе биде доста тежок натпревар за нашите момци со оглед дека Шкендија ја делат само три бода од лидерската позиција заради што во секој меч ќе влегува маскимално за целосен плен. Дека ќе биде така признава и дефанзивецот Александар Ристевски.

,,Не чека еден тежок натпревар. Шкендија дефинитивно ќе се бори за Шампионската титула а нашата цел за жал математички што побрзо да го обезбедиме опстанокот. После Вардар атмосферата во тимот е на високо ниво и мислам дека така и треба да настапиме во Тетово, да бидеме постојано сконцентрирани и секој од играчите да го даде својот максимум. Доколку така настапиме може да се освојат бодови од ова тешко гостување,, подвлече Ристевски

Стратегот Бојан Круљ заради црвениот картон на мечот со Вардар, утре нема да го предводи тимот во Тетово. екипата ќе ја предвои првиот асистент Душан Бошљак кој ќе се обиде со свои совети да се надмудри Шкендија

,,Утре гостуваме на Шкендија и спoред нас таа е една од најквалитетните екипи во земјава. Гостуваме после победата над Вардар. Ние сеуште математичк опстанокот го немаме обезбедено затоа одиме со голем мотив во Тетово да направиме добар резултат. Имаме респект кон нив но имаме и наши амбции и очекуваме добар натпревар,, велат од стручниот штаб

 

This site is registered on wpml.org as a development site.