Прв тренинг во Банско Бугарија

Нашите првотимци денеска го одработија првиот теренинг во Банско Бугарија каде ја реализираме втората фаза од подготовките за новата првенствена сезона. Преку контуинирани тренинзи но и контролни мечеви, стручниот штаб предводен од Џовани Валенти во наредните 12 дена ќе ја подига формата на нашите фудбалери кои во Банско Бугарија остануваат до 22 јули. Освен редовните тренинзи договорени се и четири контролони натпревари. На 12 јули се среќаваме со „Селимбар“ од Романија откако дојде до промена на противникот. На 17 ти јули играме со Теута – Албанија. Според планот на 21 ти јули играме со репрезентативниот состав на Киргистан кој исто така е на подготовки во Банско Бугарија а втората фаза ја завршуваме со пријателски натпревар со ,,Алтин Асир“ од Туркменистан кој е закажан на 22 јули

This site is registered on wpml.org as a development site.