Нашиот сениорски состав одлично го отвори пролетниот дел од првенството. Во Кратово со голот на Урош Стамниќ забележавме победа против Силекс со што запишавме и нови три бода на нашето салдо.
Одлична игра на нашите момци, кои ги затворија сите приоди на Силекс кон нашиот гол . Тактички мудро се носевме со поставената игра на домакинот а во 90 минута српското засилување Стамениќ успеа да ја надмудри одбраната и голманот на кратовчани. Од свртување во 16 тникот ја смести топката во мрежата на Силекс, гол кој беше и клучен за првата пролетна победа на стратегот Бојан Круљ.
,,Беѓе тежок натпреварот. Екипата покажа карактер, победнички менталитет. И ако вака играме и во наредните превенствени меча мислам дека нема од што да се плашиме и ќе покажеме на јавноста за што се сме подготвени. За голот морам да кажам дека тој е птострек за самодоверба во следните натпревари,, кажа Стамениќ
Следното коло нашите момци играат дома. Го пречекуваме тимот на Македонија ЃП