Утре на СЦ Пандев во рамките на 16 тото првенствено коло, нашиот сениорски состав го пречекува тимот на Брегалница од Штип. Во првата меѓусебна пресметка нагости претрпевме пораз од 1:0 но сега играме на свој терен и публика што е дополнителна мотивација за нашите актери.
Ќе биде уште еден тежок натпревар, бидејки имавме само 2 дена да тренарираме, да се подготивме иако вчера имаше регенерација за играчите кои играат со Тиквеш. Јас мислам дека играчите сега се спремни, моментално го имаме Франко, се надеваме да го имаме и Ване со нас. Ване Кристески имаше орална операција последната недела и не беше достапен, исто така се надеваме да го имаме Антонио, сеуште не знаеме бидејќи моментално е на доктор, сепак се надеваме да го имаме. Зависно на овие двојца играчи ќе видиме што ќе правиме понатаму. Зборувавме со играчите и многу се фокусирани на натпреварот за утре, мотивирани сме, имаме многу енергија и ентузијазам за да ја одиграме оваа утакмица,,истакна Валенти
Стратегот се надева дека теренот и условите за игра ќе бидаат добри бидејки мечот со Тиквеш се одигра на доста лош терен за кој смета дека требало да се откаже.
Најпрво сакам да кажам дека подобро ќе беше да не играме со Тиквеш. Теренот беше опасен имаше снег и немаше сонце. Еден наш играч се повреди , вчера не тренираше, денес не знаеме да ли ќе тренира, им реков на судиите играта нема да биде сигурна, иако состојбата на теренот беше многу лоша. Во првото полувреме игравме многу добро, имавме неколку можности да дадеме гол, но не успеавме.,, вели Валенти.