Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Струга Трим Лум/24.11.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Утре против Работнички во Скопје по нови бодови на нашето конто

Нашиот сениорски состав утре во Скопје игра со Работнички –  тим со кој речиси имаме идентичен број бодови на прволигашката табела заради што овој натпревар ќе биде интересен кој ќе се приклучи на горниот или долниот дел на табелата.  Со Работнички во првата меѓусебна пресметка одигравме без голови. Стратегот Џовани Валенти смета дека екипата е подготвена за мечот а во редовите се враќа и Лео Антонио.

,,Сигурен сум во едно, дека теренеот нема да биде добар, ќе играме на стадион со многу лоша трева. Работнички обично играат добро, обично играат 4, 4, 2 во стил на поседување на топка. Бевме таму, имаат нов тренер и ја видовме нивната последна игра.Ние треба да бидеме подготвени да играме на различни начини но, многу ќе зависи и од условите на теренот.Секако тренираме многу, на нашата завршница и нашата одбрана. Веќе одлучивме како ќе играме, сега ги одредуваме играчите но, распоредот и стилот играње веќе го имаме во нашите глави,, смета Валенти

Според него освен на резултатот и бодовите многу важно е да се стави фокус на играта.

,,Ако се фокусираме само на резултатот тој донесе многу стрес и нема да биде добро, бидејќи нашите играчи се многу млади. Тие знаат дека одиме таму за да победиме но мора и да мислиме на тоа дека она што се обидуваме да го направиме на нашите тренинг сесии а тоа е да ја подобриме нашата одбрана, пресингот, да се надоградиме, да се појачиме и на крај да има добра завршница„ вели тренерот Валенти

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024
Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Atletiko cela utakmica 10 11 2024
10.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.