Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

Утре во Турново против Воска за нови три бода !

Нашиот прв тим утре на стадионот „Кукуш“ во Турново ќе го одигра мечот од 27 коло против Воска. Ова ќе биде доста тежок меч бидејки бодовите како што се важни за нас така и за тимот на Воска кој се бори да излезе од опасната зона.

,,Сигурен сум дека стадионот ќе биде полн како што беше и на претходните натпревари. Овој меч како и останатите досега се многу многу важни. Состојбата во тимот е добра. Расположението на ниво, бидејки ние го креираме. Натпреварот против Тиквеш е анализиран, анализирана е и Воска и ќе дадеме се од себе да бидеме подобри во однос на претходната недела и да направиме добар резултат“, вели Бојан Круљ

Според него ќе нема некои големи промени во однос на составот што ќе излезе утре против Воска. За него е важно сите што ќе добијат минутажа да дадат максимум од себе за нов позитивен резултат.

,, Сигурно е дека ние ќе дадеме се од себе за да публиката ужива и се надева на победа и три бода кои за нас се многу важни во овие моменти во борбата за опстанок. Исто и на Воска и се потребни поени. Ќе биде добар натпревар и публиката ќе има што да види но онаа што за нас е најважно, да не преценуваме, да имаме карактер, да бидеме паметни  и да играме за резултат и нови три бода“, потенцираше стратегот Круљ

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Победа над Воска, Мартин Ѓоргиевски во финишот од мечот донесе радост
13.04.2024
Brera 3 1 Pelister Pomladi pioneri 13 04 2024 cela utakmica
13.04.2024
Утре во Турново против Воска за нови три бода !
12.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.