Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Беса 1976/15.09.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Воспоставуваме соработка со ФК Брера Тучамен од Мозамбик кој е дел од семејството на БРЕРА ХОЛДИНГ

Генералниот директор на нашиот клуб Ване Стојанов заедно со првиот помошник на шефот на стручниот штаб Душан Дошљак се во посета на ФК „Брера Тучамен“ од Мозабик кој исто така е во сопственост на Брера Холдинг.  Целта на посетата е воспоставување и зацврстување на соработката  меѓу двата клуба на едно високо ниво, како и разгледување на можноста за трансфер на играчи и промоција на млади таленти.

Според програмата нашите преставници заедно со своите домаќини треба да присустуваат на два натпревари на мозабискиот ФК „Брера Тучамен“ но и на неколку нивни тренинзи. Паралелено нашиот генерален директор Ване Стојанов ќе има повеќе средби и состаноци со преставници на братскиот клуб на која ќе се разгледуваат правците на соработка во иднина.

,, Целта на нашата посета е можноста да се направи еден вид на соработка помеѓу клубовите со цел да ги оправдеме нашите заеднички цели и задачи во фудбалската заедница на Брера Холдинг. Имаме намера заедно да работиме во иднина . Да  ги промовираме нашите врски преку помагање,  развој и промовирање на млади таленти, можни трансфери во иднина  но и градење на цврсти односи  помеѓу двата клуба на секое поле,,  вели генералниот директор Ване Стојанов

Нашиот клуб од минатата година е дел од семејството на Брера Холдинг и за една сезона ги поставивме темелите на еден сериозен клуб со добра организираност,  кој наредните сезони ќе се стреми на високи дострели.

 

This site is registered on wpml.org as a development site.