Првиот состав на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап а три пати бил стрелец на голови.
Роџерс е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. По заминувањето од турската екипа тој доби понуди од повеќе клубови од Европа но се одлучи кариерата да ја продолжи во Првата Македонска Фудбалска лига и Струмица заради можностите што ги нуди интернационалниот проект Брера Холдинг.
Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството кое го почнуваме со тимот на Силекс во Кратово.