Нашите момци го издржаа притисокот во Гостивар и за Струмица се вратија со бод откако одиграа нерешено 1:1. Значаен бод за првиот тим во остварување на целите за оваа сезона, бидејки по 28 то првенствено коло остануваме на седмата позиција
Тежок натпревар за двата тима со оглед на лошиот терен по дождот кој паѓаше пред мечот. Без многу шанси на обете страни и повеќе тактизирање заврши првиот дел во кои можеа на прсти да се избројат добрите акции и додавања со оглед на водениот талог на теренот кој не дозволи брза и динамична игра.
Гостивар го откри резултатот во 58 минута кога Кехинде максимално ја искористи грешката на нашата одбрана, но во финишот од мечот во 88 минута Димитар Трајков се најде на вистинската позиција пред голот на Гостивар за конечни 1:1
Следното коло дома го пречекуваме Вардар меч кој ќе биде од исклучителна важност во борбата за опстанок