Добредојде, Папе Оумар Сисе!

Пред стартот на новата првенствена сезона и официјално комплетирани се документите за новото засилување што го ангажираше нашиот клуб. Станува збор за 20 годишниот Папе Оумар Сисе од Сенегал кој игра во нападот а во редовите на нашиот тим доаѓа од италијанскиот клуб Авецано каде на 28 натпревари, постигна 4 гола и 5 асистенции. Сисе во Струмица дојде на почетокот на јули и беше дел од сите фази на подготовките на на нашиот тим за престојната сезона а беше и во стартните состави на некоку пријателски натпревари во Бугарија.

Потсетуваме дека за новата првенствена сезона нашиот клуб ги ангажираше 23 годишниот дефанзивец Стефан Наумчевски, Александар Ристевски кој дојде од штипска Брегалница, 18 годишниот прилепчанец Андреј Аризанкоски, 19 годишниот напаѓач од Италија Салвадоре Рибаудо и искусниот бразилец Леонардо Антонио. Во меѓувреме ги продолживме договорите и со младите Ѓеоргије Јанкулов и Мартин Ѓоргиевски.

This site is registered on wpml.org as a development site.