Под мотото „Брера те посакува“ нашиот фудбалски клуб „Академија Пандев Брера Струмица “ Акционерско друштво Струмица, вработува финансиски сметководител. Станува збор за работна позиција во административниот сектор на клубот од областа на на финансиите и сметководството.
Заинтересираните кандидати треба да одговорат на следните работни обврски но и да ги исполнуваат следните услови:
Клучни области на работа и одговорности:
- Книжење на сметководствено-финансиската документација во согласност со законските прописи и со интерните финансиски стандарди и политики на организацијата;
- Прием и класификациа на документи
- Обработка на документи
- Подготовка на завршна сметка во согласност со законските прописи;
- Подготовка на плата;
- Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива;
- Комуникација и асистенција со клиенти;
Потребни квалификации и дополнителни критериуми:
- Лиценца за овластен сметководител/сметководител(пожелно, не задолжително)
- Искуство во сметководствено работење и подготовка на завршна сметка
- Познавање на англиски јазик
- Добри компјутерски вештини, познавање на MS excel
- Развиени вештини за работа во тим
- Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност
- Добри комуникациски и организациски вештини
- Способност за работа под притисок и рокови
- Лојален е кон работата и ги заштитува податоците гарантирајќи доверливост, дискреција и чување на рејтингот и имиџот на организацијата
Работни услови:
- Работна позиција на неопределено време (првичен договор на определено време од 3 месеци)
- Локација на работното место, Струмица
- Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
- Континуирани можности за професионален и личен развој (КПУ часови, обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)
Кандидатите своите апликации треба да ги достават на info@brerastrumica.com