ФК АП Брера АД Струмица вработува финансиски сметководител !

Под мотото „Брера те посакува“ нашиот фудбалски клуб „Академија Пандев Брера Струмица “ Акционерско друштво Струмица, вработува  финансиски сметководител. Станува збор за работна позиција во административниот сектор на клубот од областа на на финансиите и сметководството.

Заинтересираните кандидати треба да одговорат на следните работни обврски но и да ги исполнуваат следните услови:

Клучни области на работа и одговорности:

  • Книжење на сметководствено-финансиската документација во согласност со законските прописи и со интерните финансиски стандарди и политики на организацијата;
  • Прием и класификациа на документи
  • Обработка на документи
  • Подготовка на завршна сметка во согласност со законските прописи;
  • Подготовка на плата;
  • Познавање и следење на законите и прописите од областа на сметководството и даночната регулатива;
  • Комуникација и асистенција со клиенти;

Потребни квалификации и дополнителни критериуми:

  • Лиценца за овластен сметководител/сметководител(пожелно, не задолжително)
  • Искуство во сметководствено работење и подготовка на завршна сметка
  • Познавање на англиски јазик
  • Добри компјутерски вештини, познавање на MS excel
  • Развиени вештини за работа во тим
  • Проактивен пристап кон работата, прецизност, аналитичност
  • Добри комуникациски и организациски вештини
  • Способност за работа под притисок и рокови
  • Лојален е кон работата и ги заштитува податоците гарантирајќи доверливост, дискреција и чување на рејтингот и имиџот на организацијата

Работни услови:

  • Работна позиција на неопределено време (првичен договор на определено време од 3  месеци)
  • Локација на работното место, Струмица
  • Работно време од понеделник до петок од 08.00 до 16.00
  • Континуирани можности за професионален и личен развој (КПУ часови, обуки за професионален развој, активности за јакнење на тимот)

 

Кандидатите своите апликации треба да ги достават  на info@brerastrumica.com

This site is registered on wpml.org as a development site.