Илјаз Чилјафи ново име на првиот тим на Брера – доаѓа од Детонит Плачковица

25 годишниот Илјаз Чилјафи од Скопје е новото засилување на Брера Струмица на неколку дена пред стартот на пролетниот дел од шампионатот. Чилјафи игра на позицијата лево крило а во нашиот тим доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш, каде одигра одлични партии во есенската полуетапа на второлигашкото натпреварување. Илјази во својата кариера има настапувано за повеќе клубови во македонскиот фудбал. Има играно за Шкендија, Струга ТЉ, Гостивар, Тетекс, Воска Спорт.

,,Ми преставува вистинско задоволство што ќе бидам дел од тимот на Брера Струмица, клуб кој го сврте вниманието на фудбалската јавност во земјава и пошироко. Добро сум прифатен во тимот и веќе се приклучив во тренажниот процес на струмичани. Се надевам дека ќе добијам шанса за да ги покажам своите квалитети и дека како тим ќе ја исполниме зацртната цел а тоа е место погоре на прволигашката табела“ изјави Чилјафи

Нашиот тим предводен од стратегот Бојан Круљ ги одработува последните тренинзи пред стартот на пролетните мечеви викендов. Овој дел од прволигашкото првенство го започнвуаме со екипата на Силекс во Кратово.

 

This site is registered on wpml.org as a development site.