Реми со Теута од Драч – Албанија во вториот контролен меч во Банско Бугарија

Нашиот прв тим попладнево ремизираше со „Теута“ Драч од Албанија на подготовките во Банско Бугарија. Одигравме доста квалитетен меч против албанскиот состав во кој акцент ставивме на вооигрување на одредени акции според проекциите на стручниот штаб. Можевме да извлечеме и победа, но сепак фокусот ни беше играта на нашите сениори.
Преку Ване Крстевски го отворивме резултатот по што „Теута“ преку два пенала дојде до пресврт, но Иван Галевски го донесе позитивнниот резултат во вториот контролен меч.
,,Можевме да оствариме и победа. Но морам да потенцирам дека нашата цел е ,,новата“ игра што ни ја наметна новиот стручен штаб. Задоволен сум како течат подготовките. Само треба да продолжиме во овој правец и сметам дека подготвени ќе го стартуваме новиот шампионат“, изјави по мечот капитенот на Брера Струмциа – Марио Врдољак.
Дуелот против „Теута“ е втор на подготвителниот период во Банско Бугарија а веќе задутре на 21 јули играме со репрезентативниот состав на Киргистан.

This site is registered on wpml.org as a development site.