Роџерс Мато од Уганда ново засилување на првиот тим на Брера

Првиот состав на Брера за пролетниот дел од првенството се засили со уште еден фудбалер. Станува збор за 20 годишниот Роџерс Мато од Уганда кој минатата година настапуваше за Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор. Мато е дел и од националната фудбалска селекција на Уганда за која иако има само 20 години има забележано дури 21 настап а три пати бил стрелец на голови.

Роџерс е млад и надежен фудбалер кој игра во нападот на десната и лева крилна позиција. По заминувањето од турската екипа тој доби понуди од повеќе клубови од Европа но се одлучи кариерата да ја продолжи во Првата Македонска Фудбалска лига  и Струмица заради можностите што ги нуди интернационалниот проект Брера Холдинг.

Роџерс Мато е последното засилување во таборот на Брера на неполни две недели од стартот на пролетниот дел од првенството кое го почнуваме со тимот на Силекс во Кратово.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

FK Brera 1 – 0 FK Belasica Generacija 2011/12 24. 11. 2025
24.11.2025
FK Brera 3 – 0 FK Park (Kadeti) 23. 11. 2025
23.11.2025
ZFK Tiverija Brera 4 – 0 ZFK Recica 19. 11. 2025
19.11.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.