Без голови против Алтин од Туркменистан

Нашиот сениорски тим денеска одигра без голови со тимот на Алтин Асир од Туркменистан . Ова е трето реми во рамките на пријателските мечеви што ги има закажано првотимците на Брера Струмица во Банско Бугарија. Во денешниот меч нашите фудбалери имаа повеќе од играта но немаа среќа во реализацијата против Алтин. Одигравме офанзивно со повеќе шанси за гол но мрежата на туркменистанскиот состав мируваше. Сепак овие контролни натпревари нашиот стратег Џовани Валенти ги користи за кристализирање како на играчкиот состав така и на формата и играта на првито тим кој во првата седмица од август ја почнува новата првенствена сезона. Претходно нашиот тим исто така одигра без голови со романскиот „Селимбар“ и реми со 2:2 со „Теута Драч“ од Албанија. Во меѓувреме на подготовките за и во Банско се приклучија и новите засилувања Стефан Наумчевски, Александар Ристевски, Андреј Аризанкоски, Салвадоре Рибаудо.

This site is registered on wpml.org as a development site.